Утрински Весник
Македонија

Комедијата ,,Бегај еве ја жена ти 2 – Па не баш “, уште една онлајн претстава на кумановскиот театар

Комедијата ,,Бегај еве ја жена ти 2 – Па не баш “, уште една онлајн претстава на кумановскиот театар

Куманово,  18 март 2020 (МИА) – Кумановскиот театар продолжува со прикажување на онлајн претстави. Од денеска гледачите можат да ја проследат претставата „Бегај, еве ја жена ти 2“ во режија на Коле Ангеловски. 

-Денеска за вас ја одбравме комедијата „Бегај еве ја жена ти 2“ на Коле Ангеловски, претстава што долго се задржа на репертоарот а својата премиера ја имаше во 2016 година. Останете дома! Гледајте претстава, повикаа од кумановскиот театар.
Во претставата играат  Горан Илиќ, Дубравка Киселички, Владо Дојчиноски, Кети Дончевска Илиќ, Александра Михајловска, Илија Струмениковски,  Давид Илиќ. Станува збор за типична комедија на ситуации градена врз текстуалната предлошка Caught in the Net (Фатен во мрежa) на британскиот мајстор на комедијата Реј Куни.
Таа претставува „легитимно“ продолжение на Бегај еве ја жена ти од 2004 година – најиграната комедија на кумановската сцена во последните две децении. Претходно, кумановскиот театар ги прикачи, детската претстава „Волшебникот од Оз“ и „Ревизор“. ам/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините