Утрински Весник
Македонија

Ќе се скрати работното време на кумановски пазар и на вработените во општината

Дезинфекција на градскиот плоштад во Куманово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Куманово, 18 март 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб од Куманово на денешниот четврт состанок донесе повеќе препораки, мерки и заклучоци, меѓу нив скратување на работното време на општината и на јавното претпријатие „Пазаришта“.

Во насока на преземање на активности за превенција и спречување на ширење на коронавирусот, Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе побара од „Пазаришта да се скрати работното време за два часа.  Се препорачува на Општина Куманово да работи со скратено работно време за два  часадо 14 часот, по ова време вработените ќе бидат достапни на своите службени телефони.

– Препорака до верските заедници во градот да се врши задолжителна дезинфекција на сите верски објекти. Исто така се препорачува верските заедници во градот да ги почитуваат одлуките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, особено да се редуцира постапката за погребални церемонии на половина час со определена дистанца меѓу луѓето. По секој обред капелата да се дезинфицира од страна на ЈП „Чистота и зеленило”, се вели во соопштението на општина Куманово. ам/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Намалена видливост на неколку патни правци

Црна европска листа: Македонија трета по број на убиени жени

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат