Утрински Весник
Македонија

Совет на амбасадори: Ратификацијата на Протоколот во Шпанија високо морален чин (ПВТ)

Советот на амбасадори разочаран од однесувањењето на некои партии во услови на мобилизација поради коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 18 март 2020

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Советот на Амбасадори„-Скопје , како политички одговорен и високо морален чин, ги поздравува ратификацијата на протоколот за членство во НАТО на нашата земја во Шпанскиот парламент и по итна постапка потпишаниот указ од страна на шпанскиот Суверен.

„Советот на Амбасадори„-Скопје посебно го вреднува фактот дека пријателска Шпанија и на ваков начин ја демонстрира својата целосна подршка за полноправно членство на нашата земја во евро-атлантските структури, во овие исклучително сложени услови низ кои минува и оваа земја, како и многу други држави во Европа и во светот, погодени од дејството на корона вирусот.

„Совет на Амбасадори„ упатува подршка и до институциите на системот во нашата земја за што поуспешно справување со истата криза со која се соочува и Република Северна Македонија а посебно на медицинските работници, полицајците, војниците кои се наоѓаат деноноќно во првите редови на борбата за сузбивање на корона вирусот.

Советот на Амбасадори и неговите членови , на државните институции им ги ставаат на располагање, своето значајно меѓународно искуство и стручност, доколку постои потреба за некаков вид вклучување на нашето граѓанско здружение во одредени активности врзани со комуникацијата на македонските граѓани во странство.

 Совет на Амбасадори,

Претседател, Љупчо АРСОВСКИ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца штипјани извадиле 90.000 денари од туѓа картичка

Возач нападнат, возилото оштетено на патот Јурумлери–Драчево!

Амбасадата потврди заминување на Агелер од Македонија