Утрински Весник
Македонија

Жител на Шипковица приведен зошто му се заканувал со секира на соселанец

Жител на Шипковица приведен зошто му се заканувал со секира на соселанец

Тетово, 18 март 2020 (МИА) – Дваесет и седум годишен жител на Шипковица пријавил дека вчера околу 13 часот и 30 минути негов соселанец го нападнал, па му се заканувал со секира.  Настанот се случил во областа Шипковачко Теќе, по што 27 годишникот околу 15 часот и 30 минути пријавил во полиција.

– Околу 20 часот и 30 минути, во тетовска Шипковица, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 54-годишниот Ш. А. од ова село, во врска со кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Ш. А. задржан е во Полициската станица Тeтово за целосно расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.

За пријавеното ќе биде изготвен соодветен поднесок, соопштија од тетовската полиција. ас/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар го затвори експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот во прекин

Скопјанец во Охрид со бензин испрскал момче од Кичево

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево