Утрински Весник
Македонија

Oпштина Велес интензивно ги расчистува дивите депонии

Oпштина Велес интензивно ги расчистува дивите депонии

Велес, 18 март 2020 (МИА) – Oштина Велес во соработка со Јавното комунално претпријатие „Дервен” интензивно и континуирано работи на чистење на дивите депонии и на локации со отпад од непознато потекло.

Оттаму информираат дека овие денови се расчистуваат дивите депонии на брегот на реката Вардар кај „УСКА”, позади трафиките на улица „Димитар Влахов”, како и на парковата површина под Железниот мост.

Активностите за дезинфекција на јавните површини со ист интензитет се реализираат и во текот на денешниот ден, а ќе се одвиваат сè додека постои опасноста од заразување со коронавирусот Ковид -1, информираат од Општина Велес.

Оттаму посочуваат дека во изминатиот период исчистена е дивата депонија во и околу поранешниот хотел „Вила Зора”, како и подрачјето на брегот на реката Вардар.

Општина Велес со овие активности во соработка со ЈКП „Дервен“ ќе продолжи и во наредните денови и апелира до граѓаните,да не прават диви депонии, а ѓубрето да го ставаат во пластични вреќи и да го фрлаат во контејнерите или домашните пластични канти за отпад со цел да се чува сопственото и здравјето на останатите граѓани.ад/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија