Гостивар, 18 март 2020 (МИА) – Советот за координација на наставата на Меѓународниот универзитет Визион на последната седница донесе повеќе одлуки и се однесуваат на принудниот распуст поради епидемијата од корона вирусот.
Нивната цел, како што се наведува во соопштенито, е да им помогнат на студентите во следењето на наставата.
Меѓу одлуките е и таа со која до следната одлука на Владата од 23 март 2020 година на Меѓународниот универзитет Визион наставата ќе се изведува онлајн.
За спроведувањето на наставата, наставниот кадар и студентите ќе добијат електронски адреси. Наставните програми (онлајн програми) на овој универзитет ќе бидат ажурирани и објавувани на официјалната веб-страница.
Овие одлуки на раководството на универзитетот Визион, чие седиште е во Гостивар, ќе се спроведуваат сè до следната одлука на Владата, стои во соопштението. згм/хс/