Утрински Весник
Македонија

Шекеринска: Одбележувањето на последната ратификација од НАТО протоколот е лекција за успех

Шекеринска: Одбележувањето на последната ратификација од НАТО протоколот е лекција за  успех

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Од НАТО научивме дека од многу зборување, а не работење не се добива ништо, ние сработивме и честитки до сите за овој успех, одговори министерката за одбрана Rадмила Шекеринска на новинарско прашање „дали мисли дека е несоодветно додека сите очи се вперени во пресовите на Владата, да се промовира членството во НАТО“.

-Се соочуваме со голем предизвик, но ова е момент кога треба да кажеме и дека нешто заеднички, како држава, сме постигнале. Лекциите кои сме ги научиле од тој успех треба да ги примениме и овде. Додека ние овде зборуваме имаме наши мiровници кои се во Авганистан, Либан, Босна.., нивната жртва да не бидат со своите дури во вакви моменти била влог за да станеме членка на НАТО. Денеска треба нив да им честитаме, дека благодарејќи на напорите на над 4.000 како нив, денеска можеме да си признаеме успех, истака Шекеринска.

Министерката потенцираше дека токму  првите консултации кои ги правел НАТО на  тема коронавирус ни помогнаа да ги преземеме првите радикални мерки како држава и дека благодрение на опремата на Алијансата нашите војници кои се упатиле да ја обезбедуваат границата во кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа го дезинфицирале просторот. бк/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор