Утрински Весник
Македонија

Шекеринска: Да со го честитаме членството во најголемата и најмоќната воено политичка алијанса, честитки за трпението, за волјата и за истрајноста

Шекеринска: Да со го честитаме членството во најголемата и најмоќната воено политичка алијанса, честитки за трпението, за волјата и за истрајноста

Скопје, 18 март 2020 (МИА) -Станавме 30 членка на НАТО по 30 години чекање, стигнавме до оваа цел затоа што додека другите одолговлекуваа ние ршававме и носевме одлуки. Носевме одлуки за кои мислевме дека се исправни и дека се во интерес и на оваа и на сите следни генерации граѓани, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прес-конференцијата во Владата по повод  на завршниот чин за ратификацијта на протоколот за притапување на државава во НАТО.

-Дојдовме до крајот на едно долго патешествие во кое учествуваа повеќе генерации политичари и граѓани. Ниту една политичка идеа во нашата независна држава, не преживеала како идеата за нашето за НАТО членство. Да со го честитаме членството во најголемата и најмоќната воено политичка алијанса, честитки за трпението, за вољата и за истрајноста, порача Шекеринска.

Министерката упати честитка и за припадниците на Армијата на Република Северна Македонија но и до НАТО.

-Честитки за Армијата кои преку заеднички операции  и заеднички ризици ни го расчитуваа патот до НАТО членството. Честитки до Алијансата која доби 30 членка и која покажа дека рецептот на успех, на безбедност и економски напредок секогаш успева. Токму во овие тешки и важни проекти како што е проект нашето членство во НАТО и Европската унија, како и во овој моментален политички миг во кој се наоѓаме, огромна криза која се закануава и на целиот свет, токму во оваа мака се гледа на што можеме да се потпреме, од кого можеме да очекуваме мудрост, решение и одлука, нагласи Шекериннска.

Министерката апелираше дека овој успех ни даде оптимизам, сила, истрајност и вистинска политичка волја да се справуваме со новите предизвици. -Како што успеавме во политичката битка убедена сум дека како држава ќе успееме и во овој заеднички национален напор, додаде таа. бк/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње