Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Вонредната состојба не значи автоматски воведување рестрикции на слободите и движењето на граѓаните

Спасовски: Вонредната состојба не значи автоматски воведување рестрикции на слободите и движењето на граѓаните

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Воведување вонредна состојба не значи дека по автоматизам ќе се воведат рестрикции на слободите и движењето на граѓаните, а доколку дојде до нови рестрикции и мерки, тие одлуки ќе се носат на дневно ниво, како и до сега, за што граѓаните редовно ќе ги информираме, изјави премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција на која соопшти дека Владата побарала воведување вонредна состојба на целата територија на земјата.

– Вонредната состојба и дава можности на Владата и се создаваат услови за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција и заштита на здравствената состојба на граѓаните. За заштита и одбрана на нашето општество, на нашата економија, порача Спасовски.

Тој нагласи дека само со вонредна состојба Владата ќе може да дејствува непречено во борбата со корона вирусот.

– Само со вонредна состојба Владата ќе може да спроведува мерки за спас на економијата и за помош на погодените граѓани и компании, додаде Спасовски. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Нов ден нов скандал на власта, дали со ПР и манипулации власта ја крие неспособноста да се справи со пожарите?

Во Берово утрово најстудено со еден степен, најтопло во Гевгелија со 16

Уживајте во сонцето до 25 септември, потоа многу поладно и врнежливо!