Утрински Весник
Магазин

Ролинг Стоунс ја откажаа турнејата поради пандемијата

„Ролинг Стоунс“ со реиздание на албумот „Let It Bleed“

Њујорк, 18 март 2020 (/) – Ролинг Стоунс одлучија да ја откажат претстојната турнеја низ Северна Америка, што требаше да се одржи од 8 мај до 9 јули, поради коронавирусот што го зафати целиот свет.

– Многу сме разочарани што мораме да ја откажеме турнејата. Се извинуваме на сите фанови кои се радуваа на турнејата колку и ние, но здравјето и безбедноста на секого се сега приоритет, соопштија на социјалните мрежи Ролинг Стоунс.

Минатата година, Ролинг Стоунс ја откажаа турнејата во Северна Америка поради тоа што Мик Џекер имаше операција на срце, но бендот ги одложи датумите и триумфално се врати назад во Чикаго. ки/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година

Колку кафе можете да пиете без ризик за вашето срце

Јапонките против новата владина одлука за носење кратки пантолони во канцелариите