Утрински Весник
Македонија

Ниту еден патник не поминал преку ГП „Богородица“

Граѓаните кои доаѓаат од виско ризичните земји можат да влезат само на ГП Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид

Гевгелија, 18 март 2020 (МИА) – Ниту еден македонски државјанин не ја минал границата на излез ниту пак на влез во земјата на најфреквентниот граничен премин „Богородица“ во текот на денов откако за излегување од земјава треба да се потпише изјава дека три месеци нема враќање назад.

Како што информираат од ГП „Богородица“, ситуацијата е мирна како никогаш досега, доследно се применуваат мерките на Владата и автомобили не можат да се забележат во двете насоки.

Нормално функционира само товарниот сообраќај за излез и влез во земјава со напомена дека од 21 часот навечер до 5 часот наутро од грчка страна камионите не се пропуштаат на влез во земјава. им/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија блесна во Москва: Бронзен медал за Даниел Христов на најтешката хемиска олимпијада

Маж од Белгија приведен кај Бит Пазар

Родители од Делчево дозволиле малолетни ќерки да им живеат со возрасни мажи, едната родила и дете!