Утрински Весник
Македонија

СВР-Штип упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките против ширење на коронавирусот

СВР-Штип упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките против ширење на коронавирусот

Штип, 18 март 2020 (МИА) – Имајќи ја предвид актуелната глобална пандемија од коронавирусот апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките на Владата, со цел да се заштитат животот и здравјето на граѓаните, информираа преку писмено соопштение од СВР-Штип.

-Упатуваме апел до сите граѓани на општините Штип, Карбинци, Пробиштип, Свети Николе, Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица, Берово, Пехчево и околните населени места, строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата, во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот. Апелираме особено до оние граѓани кои престојувале надвор од државата, во земјите со висок и среден ризик, кои потпишале изјава за самоизолација и се под мерка на здравствен надзор и домашна изолација, строго да ги почитуваат мерките и препораките, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Во него се наведува дека полициските службеници вршат засилена деноноќна обиколка и контрола на граѓаните со решение за домашна изолација од Државниот здравствен и санитарен инспекторат и на граѓаните со потпишана изјава за самоизолација кои, доколку ги прекршат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно  чл.205 и 206 од Кривичниот законик.

За сите потребни информации, сите правни и физички лица, можат да се обратат телефонски во полициските станици и строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.

-Воедно, со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и сузбивање на коронавирусот, апелираме до граѓаните доколку забележат лица за кои имаат сознанија дека се во домашна изолација, а не ги почитуваат препораките, да пријават на телефонскиот број 192, велат од СВР-Штип. вдј/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор