Утрински Весник
Економија

Царовска: Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување имаат алатки да им помогнат на ранливите категории

Фабриките да ја реорганизираат работата во смени

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Сите граѓани на кои семејните приходи поради актуелната состојба им паднале под висината на дозволениот минимум, кој е блиску минималната плата, може да се обратат до Центрите за социјална работа. Во случај некој да биде отпуштен од работа, а за него биле плаќани социјални придонеси и осигурување за случај на невработеност од Агенцијата за вработување ќе може да добијат надомест за осигурување, рече денеска вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Таа рече дека првпат во државата социјалниот систем е функционален.

-Тој овозможува социјалната парична помош да може да се добие ако се покаже дека вашите приходи се под дозволениот минимум, кој е навистина блиску до претходно утврдената минимална плата. Значи секој граѓанин кој се соочува со такви последици ќе може да се обрати до центрите за социјална работа, рече Царовска на прес-конференција во Владата.

Од друга страна, додаде, сега како држава сме сведоци што значи социјалното осигурување и плаќање на придонеси затоа што во такви моменти стануваат важни.

-Граѓаните кои биле социјално осигурени доколку денеска се отпуштат, а за нив биле плаќани придонеси за осигурување во случај на невработеност ќе добиваат надомест од Агенцијата за вработување како надомест во случај на невработеност. Сето ова укажува дека ако фунционира социјалниот систем и осигурување и овие моменти полесно ќе се надминуваат, потенцира вицепремиерката.

И центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување, посочи таа,  имаат алатки да ги опслужат граѓаните.

-Доколку наредиот период се случи друга група граѓани која во моментот не е предвидена во системот ние како Влада сме отворени, динамични за да ги сервисираме потребите. Но навистина е важно да процениме каде е неоходно, рече вицепремиерката Царовска.

Таа потенцира и дека поради намалена економска активност секаде во светот, па и кај нас не може да очекуваме дека ќе останеме имуни. сст/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен