Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на улиците во Старата скопска чаршија

Дезинфекција на улиците во Старата скопска чаршија

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Град Скопје денеска спроведе акција за дезинфекција на Старата скопска чаршија, со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ извршија дезинфекција на сите внатрешни улици и делови од чаршијата, со употреба на специјално комунално возило за оваа намена, соопшти прес-службата на Град Скопје.

Се додава дека активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот. нд/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Детали: Од „аудито“ не остана речиси ништо – загинаа братче, сестричка и нивната баба во Словенија

Приведени 16 возачи, девет возеле без положен возачки испит

Финансиската полиција отвори предмет за сомнителен капитал во медиумите – АВМУ запре промена на сопственост на телевизија и радио