Утрински Весник
Македонија

Мицкоски предлага Пендаровски веднаш да прогласи вонредна состојба

Мицкоски предлага Пендаровски веднаш да прогласи вонредна состојба

Скопје, 18 мрт 2020 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му предлага на претседателот на државата Стево Пендаровски веднаш да прогласи вонредна состојба за заштита на граѓаните од корна вирусот.

-Апелирам до Пендаровски да прогласи вонредна состојба во Македонија што поскоро и да не се губи време. Да не навлегуваме во правните проблеми, туку да навлеземе во решавање на проблемите на граѓаните и заштита на нивното здравје, рече Мицкоски на денешната прес-конференција пред седиштето  на партијата.

Тој и порача на Владата да не се грижи за ПР, туку за здравјето на граѓаните и нагласи дека  веднаш по прогласување на вонредната состојба да донесе одлуки за заштита на бизнисот и компниите. вј/скс/

Прес конференција, 18.03.2020

Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 18 март 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од петок „Оne stop shop” на Табановце –Ќе се намали гужвата на границите

Тошковски: Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка