Утрински Весник
Македонија

Се врши дезинфекција на градскиот плоштад во М.Каменица

Се врши дезинфекција на градскиот плоштад во М.Каменица

Македонска Каменица, 18 март 2020 (МИА) – По одржаниот вчерашен состанок на Локалниот совет за превенција и донесените препораки и заклучоци од истиот, Oпштина Македонска Каменица со сите свои ресурси се вклучува во спречувањето на ширењето на корона вирусот и зголемена заштита на здравјето на граѓаните. За таа цел, како што информираа надлежните, извршено е дезинфекција на градскиот плоштад.
– Од раните утрински часови машински и рачно се врши дезинфекција на градскиот плоштад и останатите јавни површини во централното градско подрачје. Следува дезинфекција и перење на најфреквентните сообраќајници во градот, информираа надлежните.
Во меѓувреме, како што посочија, извршена е дезинфекција и на комплетната урбана опрема.
Дезинфекцијата на јавните површини и градските улици ја врши ЈП „Камена Река“ во соработка со ТППЕ Македонска Каменица, која ќе продолжи и во наредниот период.вс/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски