Утрински Весник
Македонија

Мечкин Камен прогласен за значајно културно наследство

Мечкин Камен прогласен за значајно културно наследство

Крушево, 18 март 2020 (МИА) – Споменикот Мечкин Камен во Крушево, синонимот на Крушевската Република и на херојството на востаниците, се прогласува за значајно културно наследство со што овој локалитет соодветно ќе се одржува и инфраструктурно ќе се зачува. Ова е на иницијатива на крушевската локална самоуправа.

Со решение, Министерството за култура го прогласува споменикот за значајно културно наследство со заштита од трет степен откако до него беа доставени Елаборат за валоризација на споменикот на културата Мечкин Камен како и предлог за донесување акт за прогласување на значајно културно наследство.

Во таа смисла валоризацијата на доброто и предлогот се во функција на дефинирање на јавниот интерес за негова заштита, а со тоа и целосно подведување под дејство на прописите за заштита на културното наследство, стои во решението за прогласување на Мечкин Камен за значајно културно наследство.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоскидосега овој значаен историски локалитет вопшто не бил регулиран.

– Со тоа не можеше да се одржува за дополнително да го испочитуваме нашето славно минато илустрирано во споменикот. Успеавме да издејствуваме овој локалитет да се регулира и да се заштити со што Министерството за култура го донесе ова решение. Овој споменик е изграден во 1983 година, а наша цел е вечно да биде симбол на Крушево, вели Христоски.ем/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег