Утрински Весник
Македонија

Делчевскиот Црвен крст ги става своите ресурси за потребите на старите и изнемоштени лица

Делчевскиот Црвен крст ги става своите ресурси за потребите на старите и изнемоштени лица

Делчево, 18 март 2020 (МИА) – Општинската организација на Црвен крст Делчево ги става своите расположливи ресурси за потребите на старите и изнемоштени граѓани. За таа цел, како што информираше претседателката Билјана Георгиевска, волонтери ќе бидат ангажирани за задоволување на нивните потреби за набавка на храна и лекови.
-Трошокот за набавката ќе биде на терет на самите граѓани, а волонтерите ќе вршат набавка и достава до нивните домови. Групата за подршка ги опфаќа сите стари изнемоштени лица, лица со посебни потреби, неподвижни лица, лица со инвалидитет и лица кои се во самоизолација. Граѓаните ќе можат да ја најават потребата секој ден на телефонската линија 033/412-010 или е-маил адресата:  delcevo@redcross.org.mk од 9:00 до 13:00 часот, а услугата, т.е дистрибуцијата ќе биди достапна еднаш неделно, рече Георгиевска.
Со цел да бидат легитимни волонтери, како што додаде Георгиевска, сите доброволци кои сакаат да биде дел од тимовите мора да се пријави во Општинската организација на Црвен крст Делчево.
-Токму затоа доставата ќе биде од страна на легитимни волонтери на Општинската организација на Црвен крст Делчево, при што при доставата ќе треба да ја покажат својата легитимација, а корисникот ќе треба да пополни изјава за вредноста на паричните средства. Ова го правиме во насока на заштитување на населението од злоупотреба од страна на нелегитимни лица, додаде Георгиевска.
Ваквите активности, како што додадоа од Црвен крст Делчево започнуваат од денеска и ќе траат се додека ситуацијата со коронавирусот не се подобри.  вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево и топло уште ден-два, следува промена на времето

Тошковски: Државата е во многу лоша состојба околу справувањето со пожари

АХВ: Се повлекуваат од пазарот коцки за супа од Хрватска