Утрински Весник
Македонија

Шекеринска во касарната Пепелиште каде ќе биде првиот прифатен пункт за граѓани од држави со висок ризик

Шекеринска во касарната Пепелиште каде ќе биде првиот прифатен пункт за граѓани од држави со висок ризик

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска објави видео од касарната Пепелиште на Криволак, каде ќе биде првиот прифатен пункт за изолација на граѓаните кои се враќаат од држави со висок ризик.

– На Криволак, во касарната Пепелиште, каде ќе биде првиот прифатен пункт за нашите граѓани кои се враќаат од држави со висок ризик, во групна изолација, објави на својот Фејсбук профил министерката Шекеринска.

Владата на денешната 21 седница донесе одлука групата наши државјани, кои организирано со конвој од автобуси пристигнуваат од Република Италија на граничниот премин Деве Баир, да бидат сместени во капацитетите на Криволак. Владата, исто така, ја задолжи Армијата да го огради периметарот на овој капацитет на Криволак и да го обезбедува просторот во кои овие лица ќе бидат сместени, со цел лицата да не може да го напуштат. аа/сп/

На Криволак, во касарната Пепелиште, каде ќе биде првиот прифатен пункт за нашите граѓани кои се враќаат од држави со висок ризик, во групна изолација.

Posted by Radmila Sekerinska on Вторник, 17 март 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер