Утрински Весник
Македонија

Акција на СВР – Тетово поради непочитување на мерките за Ковид 19

Акција на СВР – Тетово поради непочитување на мерките за Ковид 19

Тетово, 17 март 2020 (МИА) – Државниот пазарен инспекторат, со асистенција на СВР – Тетово, денеска во период 12 до 15 часот, постапи поради непочитување на мерките на Владата на РСМ, за справување со вирусот Ковид 19, информираат од прес службата на МВР. При оваа акција се затворени три угостителски објекти во Тетово и селото Пирок во Општина Боговиње.

– Во периодот од 12 до 15 часот и 30 минути полициски службеници во содејство со инспектори на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), извршиле контрола и времено затвориле угостителски  објект на улица Браќа Миладинови во Тетово, сопственост на 47 годишник од градот. Исто така затворени се уште две кафетерии во селото Пирок, Општина Боговиње, поради непочитување на владините одлуки, мерки и препораки во насока на спречување на ширење на коронавирусот, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сопствениците на угостителските објекти ќе се соочат со превидените законски санкции. Од СВР – Тетово, апелираат до придржување на одлуките на Владата. Потенцираат дека продолжуваат самостојните контроли како и заедничките акции со ДПИ во насока на тоа дали се почитуваат препораките на надлежните институции. ас/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бујар Османи од Париз: Европската перспектива на Северна Македонија и Охридскиот договор во фокусот на средбите во француските институции

Левица: Муцунски гласаше за ембаргото на Куба иако 130 држави се спротивставија на санкциите на САД

Акција во ФЗО и „Санте плус“: Сомневања за милионски злоупотреби и оштетени пациенти