Утрински Весник
Економија

Затворени два угостителски објекти во Чаир поради непочитување на мерките на Владата

Затворени два угостителски објекти во Чаир поради непочитување на мерките на Владата

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Државниот пазарен инспекторат денеска затвори еден хотел и една чајџилница во општина Чаир поради непочитување на мерките од Владата за справување со Ковид 19.

Државниот пазарен инспекторат со асистенција на Единицата за интервентна полиција, информираат од МВР, денеска постапувале на подрачјето на скопската општина Чаир поради непочитување на мерките на Владата на РСМ за справување со Ковид 19.

– Од страна на ДПИ затворен е еден хотел и една чајџилница и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, а контролите продолжуваат со интензивно темпо, се вели во соопштението од МВР. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Левица: ДПМНЕ го одби амандманот на за поддршка на малите бизниси и претприемништво 

СДСМ: Пратениците од власта го одбија нашиот амандман за зголемување на минималната плата на 22.000 вработени