Утрински Весник
Спорт

УЕФА: Европското првенство се поместува за наредното лето

УЕФА одбра име за новиот евро турнир
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нион, 17 март 2020 (МИА) – Европското фудбалско првенство што требаше да се одржи од 12 јуни до 12 јули, се поместува за наредната година. Ова е најважната одлука што беше донесена попладнево во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион, со цел националните шампионати, кои се прекинати поради пандемијата на коронавирус, да може да завршат ова лето.

За натамошните чекори во врска со термините и форматот на Лигата на шампиони и Лига Европа, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин порача дека ќе одлучуваат специјално ангажирани органи.
„Здравјето на навивачите, на стручните тимови и играчите мора да биде наш приоритет и во тој дух УЕФА донесе низа одлуки за натпреварувањата во националите лиги да се приведат кон крај на најбезбеден начин. Горд сум на моите колеги од остатокот на Европа. Важно е дека постои искрен дух за соработка и што сите ја препознаа потребата да се жртвуваат за најдобар резултат“, изјави Чеферин. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја