Утрински Весник
Македонија

Се подобруваат параметрите за безбедностa во сообраќајот на патиштата во делчевскиот регион

Општина Делчево дел од РОМАКТЕД програмата

Делчево, 17 март 2020 (МИА) – Јавно презентираниот полицискиот извештај за безбедноста во сообраќајот на патиштата во Делчево, покажува дека заклучно со  декември во вкупно 24 сообраќајни несреќи кои се случиле, исто како и во 2018 година не се регистрирани загинати лица.
-За овој период имаме регистрирано 24 сообраќајни несреќи во кои се регистрирани 12 повредени лица како и 12 несреќи во кои е причинета мала материјална штета. Кај бројот на повредени лица бележиме намалување на бројката на повредени во однос на 2018 кога биле регистрирани вкупно 15 повредени лица, додека сообраќајките со причинета мала материјана штета се за 5 случаи повеќе во однос на 2018 година, соопшти командирот на ПС Делчево, Стојан Димитровски.
Како што додаде командирот на делчевската полиција, во горенаведениот период од сообраќај се исклучени 106 возачи и 57 возила.
-Во текот на овој извештаен период како што додаде, поднесени се вкупно 493 барања за поднесување прекршочна постапка. Имаме изречено 741 една мандатна казна, од кои 95 се наплатени, издадени се 422 прекршочни платни налози по ЗБСП и ЗВ, од кои 151 се наплатени, додека за 417 се впишани негативни поени, додаде Димтировски.
Според податоците на полицискиот извештај за безбедност на сообраќајот на патиштата заклучно со месец декември 2019, на територијата на општина Делчево исклучени од сообраќај се 106 возачи и 57 возила, а алкотест е употребен во 320 случаи. Притоа присуство на алкохол во крвта е регистриран кај 81 учесник во сообраќајот. вс/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени