Утрински Весник
Македонија

Во гевгелиско почна активноста на мобилните тимови за помош на старите и изнемоштени лица

Во гевгелиско почна активноста на мобилните тимови за помош на старите и изнемоштени лица

Гевгелија, 17  март 2020 (МИА) – Во општина Гевгелија почна акцијата за помош на старите и изнемоштени лица и ранливите категории заради заштита од коронавирусот што ја реализираат мобилни тимови.

Тие во текот на денешниот ден на сите граѓани кои се корисници на гарантирана минимална парична помош им делат пакети со средства за заштита во кои има маски, ракавици и дезинфекциски гелови.

Пакети со наведените заштитни средства во текот на вчерашниот ден им беа доделени и на 23 такси компании од општина Гевгелија кои веднаш беа употребени за заштита на возачите и дезинфекција на возилата.

На дежурниот телефон во општина Гевгелија, 078 690 648, за помош околу набавка на прехранбени продукти и плакање на сметки може да се јават сите стари лица корисници на помош и нега како и други стари и изнемоштени лица на кои им е потребна ваква помош. им/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сопственик на фирма си присвоил 10 службени автомобил за да ја намали стечајната маса

Мицкоски: Со задоволство ќе го угостам Трамп во Македонија

Мицкоски за македонската интеграција во ЕУ: „Колку економски посилна е мојата земја, толку поотпорен ќе биде источниот и јужниот фронт на НАТО“