Утрински Весник
Македонија

Почна лидерската средба кај Пендаровски (ДПЛ)

Лидерите на партиите на средба кај Пендаровски

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Почна лидерската средба во кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на која присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи. Единствена точка на дневниот ред на средбата што ја свика шефот на државата е одложување на парламентарните избори.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето БЕСА, Билал Касами. Во име на ДУИ на состанокот присуствуваат Бујар Османи и Изет Меџити, а наместо Мендух Тачи присутни се и партиски претставници на ДПА. На средбата се присутни и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Видеоинсерти и фотографии од средбата ќе бидат дистрибуирани до медиумите од страна на прес-службата на кабинетот веднаш по почетокот на лидерската средба. Изјавите за медиумите по завршувањето на лидерската средба ќе бидат пренесувани на Јавниот сервис МРТ, на фејсбук-страницата на претседателот и на јутјуб-каналот. 

Поради мерките и препораките на Владата за заштита од COVID-19, од Кабинетот на Пендаровски, ги охрабруваат медиумите да ги преземат видеоматеријалот и фотографиите кои ќе бидат веднаш дистрибуирани. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер