Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи регистрира три случаи на непочитување на мерката за самоизолација на лица во Тетово и Струмица, а четири случаи се проверуваат во Скопје.
Ова го соопшти минитерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денеска на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.
На територија на Секторот за внатрешни работи Струмица има две пријави за непочитување на мерката за самоизолација, на територија на СВР Тетово една и во моментов се проверуваат четири случаи во Скопје. Во комуникација сме со јавното обвинтителство за процесиурање на овие пријави, изјави министерот Чулев.
Апелираше до граѓаните да ја почитуваат препoраката за самоизлолација. Нема пријави дека препораките не ги почитуваат оние кои дошле од Северна Италија и аплеираше да се пријави доколку се забележи непочитување, преку емаил или телефонски.
Тој информираше дека на територија на Секторот за внатрешни работи на Скопје има 173 лица во самоизолација кои ги проверуваат припадниците на полицијата, на територија на Битола 13 лица, Тетово 16 лица, Охрид 82 лица, Струмица 12 лица, Куманово шест лица и Штип осум лица.скс/са/