Утрински Весник
Македонија

Дел од адвокатите за „27 април” во самоизолација, судењето закажано за 25 март

Дел од адвокатите за „27 април” во самоизолација, судењето закажано за 25 март
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Дел од адвокатите кој ги застапуваат обвинетите за предметот организатори на „27 април”, со писмо го известиле Кривичниот суд – Скопје дека претходно престојувале надвор од државата, односно како превентива за заштита од вирусот Ковид-19, тие не излегуваат од дома.

Од овие причини денешното рочиште за овој предмет се одложи за 25 март.

Обвинети во овој предмет се поранешениот претседател на Собранието, Трајко Велјановски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

На претходно рочиште обвинетите во воведни говори изјавија дека ова е политички прогон нарачан од извршната власт.

Судењето за овој предмет го води судијата Илија Трпков, додека обвинението го застапуваа обвинителката Вилма Рускоска. оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Обвинителството истражува татко и син од Богородица за трговија со марихуана

Мицкоски: За успешна имплементација на реформската агенда, мораме да ја завршиме домашната задача

Повреден возач во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово