Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на сите јавни локални институции во Општина Делчево

Дезинфекција на сите јавни локални институции во Општина Делчево

Делчево, 17 март 2020 (МИА) – Општина Делчево во соработка со Центарот за јавно здравје Кочани – Епидемиолошка служба Делчево, ја реализираше мерката за дезинфекција на работните простории на јавните локални институции.

Активностите, како што информираа надлежните, се вршат согласно Препораките од Владата и Одлуката од Советот на Општина Делчево за заштита од пандемија на населението со коронавирус на територијата на општината.

– Во текот на денешниот ден ќе биде извршена дезинфекција на просториите на деветолетката „Ванчо Прке“, а вчера беше извршена дезинфекција на работните простории во Општина Делчево, како и Територијалнатапротивпожарна единица Делчево, мултифункционалната сала, просториите на ЈЛБ „Илинден“, каде е сместено Одделението за инспекциски надзор, како и подрачните училишта во селата Вирче, Град, Стамер, Тработивиште и Разловци, кои функционираат во рамките на ООУ „Св.Климент Охридски“, информираа надлежните.

Претходно, како што додадоа, е извршена дезинфекција на просториите на Општинската јавна установа Детска градинка „Весели цветови“, како и централното училиште „Св.Климент Охридски“.

Екипите од Епидемилошката служба во Делчево задутре ќе ги дезинфицираат Подрачните училишта во селата Габрово и Ѕвегор, како и просториите од гимназијата „М.М.Брицо”. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје