Утрински Весник
Македонија

Владата ги задолжи МВР, ЦУК и МЗ сите затекнати лица безбедно да ги напуштат викенд куќите во Маврово и Ростуше

Владата ги задолжи МВР, ЦУК и МЗ сите затекнати лица безбедно да ги напуштат викенд куќите во Маврово и Ростуше

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Владата на синоќешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Министерството за здравство да ја разгледаат можноста сите лица кои се затекнати во своите викенд куќи за одмор и рекреација во општините Маврово и Ростуше или во непосредна околина, безбедно да ги напуштат своите викенд куќи за престој, по претходна проверка од страна на епидемиолози.

Доколку не е можно спроведување и реализирање на оваа мерка, од Владата соопштуваат да се преземат мерки и активности од надлежните институции за редовен дотур на храна и продукти неопходни за овие лица.

На седницата Владата го задолжи и Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите и проверките на лицата кои се упатени да спроведат самоизолација и за почитување на мерките на Владата и за истото да ја известува Владата на дневна основа.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Осма жртва од западнонилска треска

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје