Утрински Весник
Македонија

Волонтерите на дебарскиот Црвен крст активни на терен

Волонтерите на дебарскиот Црвен крст активни на терен

Дебар,16 март 2020 (МИА) – Волонтерите на дебарската организација на Црвениот крст и во овие моменти на кризна состојба, што во петокот беше прогласена во општините Дебар и Центар Жупа, им овозможија помош на лицата кои имаат потреба од храна, лекови и облека.

– Досега активна е една група од шест волонтери, која во изминатите денови доставија храна, лекови и облека во селата Гари и Лазарополе, во подрачјето на Мала Река, потоа во селото Мелничани,како и четворица возачи, кои со товарани возила останаа заглавени кај Бошков Мост. По потреба ќе активираме и други групи, вели Исни Телќиу, секретар на организацијата.

Додава дека станува збор за по еден возач од Скопје, од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше, како и од Србија и од Бугарија.

По барањето упатено до Оперативниот штаб на Дебар, посочува Телќиу, волонтерите доставиле облека за 81 лице кои останаа заглавени во Дебар, а сега се сместени во хотелите на „Дебарски Бањи-Цапа“.

-Главно се лица од подрачјето на Река, кои работат во Дебар или на денот на прогласувањето на кризната состојба биле во Дебар на шопинг или по лекови. Исто така има и лица од други градови од нашата држава, нагласуваТелќиу.

Во Дебар заглавени се 110 лица кои не се дебрани, од нив 21 се странски државјани,од Шведска и од Косово. вт/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Македонија ќе добие најдолга рочност за враќање на парите од британскиот заем

Прекината седницата на Советот на Град Скопје на која се очекуваше да се расправа за дивоградбите во Чаир

Како да добиете до 10.000 евра за вработување или почнување на бизнис, објаснети детали од Влада