Утрински Весник
Македонија

Општина Струмица утврди дополнителни мерки за превенција од ширење на коронавирусот

Општина Струмица утврди дополнителни мерки за превенција од ширење на коронавирусот

Струмица, 16 март 2020 (МИА) – Општина Струмица формираше мобилни тимови за помош на сите возрасни и изнемоштени лица, лица со попреченост и хронично болни лица, кои живеат сами или немаат поддршка од семејствата на целата територија на општината. Донесена е и одлука утре да се изврши дезинфекција на улиците и целата урбана опрема во градот, која ќе ја извршат ЈПКД „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица-Струмица.

Овие мерки се усвоени на денешниот координативен состанок со претставници на општинските институции и организации заедно со градоначалникот и општинската администрација.

Инаку, мобилните тимови кои ќе им помагаат на ранливите категории граѓани се составени од млади волонтери кои се пријавиле во општина Струмица и волонтери на Црвениот крст, а граѓаните можат да ги повикат на телефонските броеви 071 345 901 и 075 271 710. рт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Нов ден нов скандал на власта, дали со ПР и манипулации власта ја крие неспособноста да се справи со пожарите?

Во Берово утрово најстудено со еден степен, најтопло во Гевгелија со 16

Уживајте во сонцето до 25 септември, потоа многу поладно и врнежливо!