Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Поради пандемијата од коронавирусот, стопиран е проектот „Ново име“ за потрага по млади таленти, кој е можност за сите млади од земјава на јавноста да и го претстават својот талент и со тоа да се изборат за поддршка за негово унапредување.
Сите активности кои во рамки на проектот се одвиваа во текот на март се стопирани и ќе бидат продолжени кога ќе дозволат условите односно развојот на ситуацијата.
-Тоа значи дека е стопирано гласањето во актуелниот, трет циклус на овој проект, но сите пријави (кои се последни објавени на платформата novoime.mk) и понатаму се валидни и ќе бидат повторно активирани штом системот на избор на Нови имиња повторно ќе профункционира. Проектот беше реализиран од компанијата ХТЛ Македонија и брендовите Admiral, Astra и Casino Flamingo Hotel, членки на групацијата Novomatic, со желба да поддржат и охрабрат млади таленти од територијата на цела Македонија да го претстават својот талент и да добијат поддршка за негово унапредување во вредност до 2.500 евра, соопшти организаторот.
Проектот почна во јануари и досега поддржа две Нови имиња – титулата прво ја освои Сандра Туфеска (Ново име на цртањето) од Демир Хисар, а победник на вториот круг е Влатко Иљачев (Ново име на пеењето), кој живее во Богданци. хс/скс/