Утрински Весник
Македонија

Штипските судии од денеска судат само итни и предмети за кои постои опасност од застарување

Штипските судии од денеска судат само итни и предмети за кои постои опасност од застарување

Штип, 16 март 2020 (МИА) – Штипскиот Основен суд донесе одлука  закажаните судски рочишта да се откажат од денеска до 24 март. Во соопштението кое е поставено на вратата на Основниот суд во Штип стои дека на одржаната седница на судии на Основен суд –Штип на 13 март донесен е едногласен заклучок за одложување на рочиштата кои се закажани во периодот од 16, па се заклучно до 24 март.

-Со исклучок на рочишта по предметите, кои во смисла на член 72 од Законот за судовите се сметаат за итни, како и за оние за кои постои опасност од застарување на постапката, се вели во соопштението на Основен суд-Штип.

Во соопштението се наведува дека судиите ќе ги известат странките за одлагањето на предметите, а исто така ќе има и писмени соопштенија истакнати на видни места на влезот и излезот од судската зграда. Меѓу одлуките е и во просториите на штипскиот Основен суд да се влегува само со уредна покана и претходна најава и итна и оправдана потреба. Контралата и легитимирањето го вршат припадниците на судската полиција, а во соопштението се наведува дека хигиеничарките со средства за дезинфекција треба да го вршат чистењето, а вработените да ја одржуваат хигиената со особено внимание. вдј/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер