Утрински Весник
Македонија

Интензивна дезинфекција во Куманово, помош за немоќни и болни

Интензивна дезинфекција во Куманово, помош за немоќни и болни

Куманово, 16 март 2020 (МИА) – Кризниот штаб на Општина Куманово денеска втор пат заседаваше. Се донесоа нови заклучоци за превенција од ширење на коронавирусот, засилена дезинфекција на јавни и приватни установи, асистенција на болни и немоќни лица.
Десет кумановци, болни и немоќни лица побарале асистенција за набавка на намирници и лекови од дежурната служба на општина Куманово. Новина е, информираше градоначалникот, Максим Димитриевски, што покрај општинските службеници од денеска се вклучени и екипи на Црвениот крст Куманово, а на располгање е и  Меѓуопштинскиот центар за социјална работа чиј телефон за контакт е 031 438 160.
На јавните  и приватните здравствени установи, им се препорачува да дадат приоритет на лицата кои се задолжени или волонтираат за помош и асистенција на болни и немоќни граѓани. Повозрасните граѓани да пратат друго лице или да ја користат асистенцијата за добивање извештаи од специјалисти и инсулинска терапија, редовните контроли да ги одложат во консултација со нивните лекари. Вршителите на јавниот градски превоз и такси комнапниите континуирано да ги дезинфицираат возилата. Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ да продолжи со дезинфекција на јавните површини во соработка со противпожарната единица. Општината треба да обезбеди 30 резервни рачни пумпи за дезинфекција. Јавните институции да обезбедат средства за подна деизинфекција во форма на обложени сунѓери и слични материјали.
-Се препорачува на управителите на станбените згради, во координација со Центарот за јавно здравје Куманово, да почнат со дезинфекција на заедничките простории и лифтови, гелендери, скали, на сите станбени згради на територија на Општина Куманово, а за тоа ќе бидат информирани преку Секторот за инспекциски надзор. Општина Куманово, преку Секторот за образование и Центарот за јавно здравје почна со вонредна дезинфекција на објекти на сите основни и средни училишта и ќе биде завршена до средината на оваа недела. Исто така, на сите објектите на Градинката „Ангел Шајче“ веќе се направени и редовна и вонредна дезинфекција. Сите објекти од градинките, основните и средите училишта, по дезинфицирање, ќе бидат затворени за неовластени лица, рече Димитриевски.
Тој се заблагодари на граѓаните и институциите за дисциплинираноста во овој период. Повтори дека приемот за странки не се врши, освен за архива од 10 до 14 часот. Оние кои имаат потреба од општински услуги, рече, да се јавуваат телефонски или по електронски пат. Потсети и дека има редуциран јавен превоз на ниво на зимски/летен распуст.
-Апелирам на разбирање и дисциплина, рече Димитриевски и повика во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Министерство за здравсвство и Владата, а повеќе информации во врска со вирусот можат да се најдат на официјалната веб страница на Министерство за здравство:  http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/. ам/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер