Утрински Весник
Македонија

Кризниот штаб на Општина Чашка формира мобилен тим за помош на стари и лица со попреченост

Општина Чашка ќе го решава проблемот со водоснабдувањето во Населба Чашка, Богомила, Согле и Мартолци

Велес, 16 март 2020 (МИА) – Кризниот штаб на Општина Чашка, со кој раководи градоначалникот Горан Стојановски формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со попреченост од Општината.

Секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена, со цел да не остварува непосреден контакт со останати луѓе и се изложи на дополнителна опасност од инфицирање со вирусот Ковид -19, ќе може да телефонира секој ден од неделата, на телефонските броеви – 076 426 830 и 075 499 340 секој ден во периодот од 7 до 19 часот.

Од Општина Чашка апелираат граѓаните да се однесуваат одговорно и да останат дома и им препорачуваат да настојуваат да се врши бесплатен лекарски преглед на сите жители во населени места кои доаѓаат од странство.

– Со ова спречувате евентуалните заболени да не го пренесат вирусот на вашите најблиски, а потоа и на останатите. Оние кои не сакаат да одат на преглед може да ги пријавите на броевите – 071 219 278 Центар за јавно здравје – Велес, 195 – Центар за управување со кризи, 192 – Полиција или 043 241 133 Полициска станица – Чашка, соопшти Општината.

Тие информираат дека полицијата ќе врши поголема редовна контрола на лица и возила.

Општина Чашка забрани јавни собири и работа на кафитерии, ресторани и чајџилници, освен оние кои доставуваат храна. Во продавниците се забранува групирање и задржување на подолго време.

Од Општина Чашка апелираат да се внимава при партиски собири и собирања во верски објекти (цркви и џамии) и истите да се избегнуваат колку што е можно повеќе.

Воедно потсетуваат задолжително да се води лична хигиена и да се користат заштитни маски и ракавици доколку има потреба да се излегува надвор. ад/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манасиевски: СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, Младенов, Тамара, за на крај да завршат со кабелот во Модуларна

Дел од горивата поскапуваат од полноќ

(Видео) Тепачка во Советот на општина Кочани