Утрински Весник
Македонија

Три дена дезинфекција и дератизација во Тетово

Три дена дезинфекција и дератизација во Тетово

Тетово, 16 март 2020 (МИА) – Во изминатите три дена Општина Тетово спроведе дезинфекција во установите, градските улици и јавниот простор.

-Во петокот, на 13 март, Општина Тетово почна со дезинфекција на градот, од просториите на Општина Тетово со биоцидна супстанција „Екоцид Ц“. Дезинфицирани се централната зграда на Општината, општинскиот инспекторат, Секторот на локален економски развој, Секторот за јавни и комунални дејности, Просториите на ЈКП Тетово и Територијалната противпожарна единица, парковите, игралиштата за деца, зелениот пазар и други јавни места, инфомираат од Општината.

Паралелно се одвива и процесот на дератизација.

-По донесување на дополнителните мерки од Владата, Општина Тетово продолжи со нивно почитување и спроведување на терен. Апелираме граѓаните да се придржуваат кон упатствата и одлуките на Владата кои Општина Тетово ги има објавено на официјалната страница, да останат дома и да избегнуваат непотребени излегувања. Во борбата со ковид 19 може да се победи само со навремена превенција и висока граѓанска свест, се вели во соопштението од Општината.

Во Тетово, доколку граѓаните чувствуваат сомнителни симптоми, треба да се јават во тетовскиот Центар за јавно здравје на телефонот 076/240-464. ас/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ