Утрински Весник
Македонија

Од утре телефонска психолошка поддршка за состојбата со коронавирусот

Од утре телефонска психолошка поддршка за состојбата со коронавирусот

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје,  по новонастанатата ситуација со Ковид-19, од утре во периодот од девет до 16 часот воведува телефонска психолошка поддршка за граѓаните и ранливите групи на пациенти на кои им е потребна таква помош.

Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст  ќе биде достапна на телефонскиот број  072 912 676,  на возрасни лица во самоизолација на телефонот 072919009, а на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар на бројот 070 241 807.

Од Универзитетската клиника за психијатрија истакнуваат дека пациентите закажани во Мој Термин за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видео врска на некоја од интернет мрежите (по договор).

Психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради Ковид-19 ќе се обезбеди во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Во државава се регистрирани 18 позитивни случаи на коронавирус, а во тек е тестирање на седум лица. За состојбата со коронавирусот попладне ќе расправа Советот за национална безбедност. Веќе е прогласена кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа. лв/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар предизвика застој на патот од Солун до Евзони, возилата се пренасочуваа кон Дојран

Кривична пријава а обезбедувањето на Гаши: Го извадил пиштолот, го репетирал, се дерел, туркал полициски службеник

Мицкоски лично ќе спречува идни инциденти на косовската претседателка Османи?