Утрински Весник
Македонија

Негативни на коронавирус седумте пациенти кои денеска се тестираа

МЗ: Сите денеска тестирани негативни на коронавирус

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Резултатите на седумте пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Пациентите кои денеска се тестираа се од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигнал преку ЦЈЗ Штип.

– Тестот на пациентот од Кочани е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува. Министерството за здравство ќе информира за резултатот, се наведува во соопштението. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција – ќе ја поддржам интерпелацијата за Божиновска

Мојсоска: Божиновска е на добар пат Македонија да ја претвори во рударска колонија на странскиот капитал

Дејан Јованов – Деко предложен за сведок на судењето против деветмината полицајци за „Пулс“