Утрински Весник
Македонија

Мобилниот сервис за домашна посета во Кочани вклучен во превентивните мерки против коронавирусот

Мобилниот сервис за домашна посета во Кочани вклучен во превентивните мерки против коронавирусот

Кочани, 15 март 2019 (МИА) – Мобилниот сервис за домашна посета во Кочани е дополнително ангажиран за поддршка на старите и изнемоштени и на лицата со посебни потреби при набавката на неопходните прехранбени и други артикли, како превентивна мерка за нивна заштита од коронавирусот.

Tимот составен од четири медицински сестри и тројца социјални работници, кој близу две години работи на домашна посета, ќе им помага на лицата кои не се во можност сами да се снабдат со лекови и храна.

-Граѓаните треба да се обратат на телефонските броеви на екипата од Мобилниот сервис за домашна посета, да известат кои се лековите и производите што им се потребни и да очекуваат да бидат услужени. Притоа, сами ќе си ги покријат трошоците за набавка на потребните производи. За доставување на артиклите го користиме возилото што е вклучено во проектот, како и возилата од итната медицинска помош на кочанската болница. Кон тимот од Мобилниот сервис ќе се придружат и ангажираните невработени лица од активниот проект на Програмата за општинско корисна работа во Кочани, истакна Лидија Ефтимова, координаторка на Мобилниот сервис за домашна посета.

Мобилниот сервис за домашна посета, којшто се реализира како проект на Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика и на UNDP, досега има посетено повеќе од две илјади пациенти во општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Според најавите од Општина Кочани, од утре, како засилување на поддршката во превенцијата против коронавирусот, ќе бидат ставени на располагање и возила на службите во локалната самоуправа. та/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски се сретна со Сијарто

Бочварски: Гледаме секојдневни скандали, лош почеток на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Тошковски: Системот од камери за сообраќајни прекршоци мораме да го имплементираме правилно, со тоа ќе спасиме човечки животи