Утрински Весник
Спорт

Роналдо сè уште не решил дали ќе ги претвори своите хотели во болници за лекување на пациенти со коронавирус

Роналдо сè уште не решил дали ќе ги претвори своите хотели во болници за лекување на пациенти со коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадеира, 15 март 2020 (МИА) – Португалската фудбалска sвезда и играч на Јувентус, Кристијано Роналдо, одлучи да ги пренамени своите хотели во Португалија во болници за лекување на пациенти со коронавирус, јави шпанската „Марка“.

Роналдо има луксузни хотели во Лисабон и Мадеира за кои Шпанците тврдат дека ќе станат болници за оние кои се заразиле со КОВИД-19 следната недела.

– Сместувањето ќе биде бесплатно за сите, а Роналдо ќе ги покрие и сите медицински трошоци, платите за лекарите, медицинските сестри и другиот персонал, напиша „Марка“.

Сепак, се чини дека засега нема ништо од ова.

Бројни извори објавија дека оваа одлука сè уште не е донесена и дека иако Роналдо веројатно размислува за ова, засега не може да се потврди.

Роналдо во моментов е во самоизолација во родната Мадеира.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седлоски нов селектор на Македонија

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро