Утрински Весник
Македонија

Препораките строго се почитуваат и од Општина Маврово и Ростуше, се нудат капацитетите за соседните општини

Препораките строго се почитуваат и од Општина Маврово и Ростуше, се нудат капацитетите за соседните општини

Дебар,15 март 2020 (МИА) – На целата територија на Општина Маврово и Ростуше строго се почитуваат заклучоците за заштита од коронавирусот, донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија, а капацитети со кои располага се ставаат на располагање за соседните општини Дебар и Центар Жупа, информираа од општината.

Искажуваат голема благодарност до сите сопственици на кафетерии и ресторани за почитувањето на мерката која беше донесена од страна на Владата, која забранува целосна работа на кафетерии, ресторани, барови и спортски обложувалници на неопределено време.

-Уште еднаш се потврди дека нашиот народ покрај тоа што е чесен, мирен и трудољубив, исто така максимално ги почитува законите и сите државни институции и воедно дава свој придонес во справување и со оваа криза која ја погоди и нашата држава, посочуваат од Општина Маврово и Ростуше во објавата на официјалниот веб сајт на општината.

Воедно, се додава, дека сите капацитети се ставаат на располагање на соседните општини кои се погодени од коронавирусот.

-На нашите братски општини Центар Жупа и Дебар им укажуваме дека нашата општина со сите свои капацитети им стои на располагање, додека на граѓаните од двете општини им посакуваме што поскоро завршување на оваа ситуација.Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!, стои во објавата на Општина Маврово и Ростуше. вт/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

12-годишно дете од Петровец е заразено со морбили, семејството одбива хоспитализација

Училишен пробор се купува само со врски: По замзнувањето на цените маркетите во Охрид ги повлекоа производите од рафтовите

Британец пронајден мртов во хотел во Тетово