Утрински Весник
Македонија

МЗ: Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје

МЗ: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Не е точна информацијата која излезе во дел од медиумите дека нема епидемиолог во дебарската болница. Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје, кои дојдоа во поддршка на локалните здравствени работници, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека во моментов нема дефицит на персонал во болницата.

-Министерството за здравство е во постојана комуникација со болницата во Дебар и доколку се појави недостаток на лекари или персонал – итно ќе биде испратен од околните болници или од клиниките во Скопје, се наведува во соопштението.

Од Министерството за здравство апелираат да не се шират дезинформации и јавноста да се информира исклучиво од релевантните институции и посочуваат дека Министерството е на располагање за одговор на секое прашање во кое било време. дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најден е тефтерот на газдата на „Пулс“ Дејан Јованов, се знае кому сè плаќал мито, откри Коцевски

Утре мирен народен собир пред резиденцијата на г.г. Стефан за поддршка на епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Доаѓа крај на лошото време – Еве од кога