Утрински Весник
Магазин

Индија: Хиндуистичка група нуди кравја урина за сузбивање на коронавирусот

Индија: Хиндуистичка група нуди кравја урина за сузбивање на коронавирусот

Њу Делхи, 14 март 2020 (/) – Хиндуистичка група организираше денеска групно пиење урина затоа што веруваат дека кравја урина има лековити својства и може да послужи како превенција од коронавирусот.

„Забавата“ беше организирана од групата „Ахил Бахрат Хинду Махасабха“ (Сеиндиски хиндуистички сојуз) во седиштето во Њу Делхи на која присуствуваа 200 луѓе.

Експертите во неколку наврати им нагласија дека кравја урина не лекува болести како што се карцином и дека нема докази дека може да спречи заразување со коронавирус. зш/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 02 март 2026

Јелена Томашевиќ колабираше на сцена, настапот итно прекинат

Овие хороскопски знаци најмногу се двоумат