Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција во институции на органите на управата со најголема фреквенција на граѓаните со администрацијата

Дезинфекција во институции на органите на управата со најголема фреквенција на граѓаните со администрацијата

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Специјално овластен оператор денеска спроведе дезинфекција во просториите на сите министерства, како и во органите на управата со најголема фреквенција на граѓаните со администрацијата.

Како што информира владината прес-служба мерката за дезинфекција е извршена врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата и Министерството за здравство, за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од корона вирусот.

– Дезинфекција се спроведе и во резиденцијалните објекти на претседателот на државата и на претседателот на Владата, во угостителските објекти на државните институции, во магацинските простории на општите служби, како и на возниот парк на Службата за општи и заеднички работи на Владата, се наведува во соопштението.

Оваа мерка, како и снабдувањето на институциите со средства за дезинфекција на раце, информираат дека ќе продолжи и понатаму со цел спречување на ширењето, за превенција и за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд

Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура