Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Првата ноќ во Дебар и Центар Жупа мина мирно, да нема паника и да се следат препораките

Изјава на премиерот Спасовски по координативната средба со партиските лидери (во живо)

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Состојбата во Дебар и во Центар Жуба каде што е прогласена кризна состојба поради коронавирусот ноќеска и претпладнево е мирна, без никакви инциденти и движење на населението. Преземени се сите мерки и активности за справување со ширењето на коронавирусот, а сите институции и експери ангажирани за спроведување на акцискиот план за импелментација на одлуката за кризна состојба се на терен, соопшти премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата.

Тој ги повика граѓаните на двете општини да продолжат на таков начин да даваат придонес за спроведување на сите мерки. Формиран е Главен оперативен штаб за кризни состојби што ќе раководи со активностите со единствена цел справување со вирусот Ковид-19.

Спасовски посочи дека целите на акцискиот план се контрола и забавување на инфекцијата, заштита на здравјето и живот на граѓаните, материјалните добра и животната средина, зајакнување обезбедувањето на државната граница и контрла на лица кои доаѓаат од ризичните земји, вклучување и координација на надлежните институции, поголемо ниво на безбедност на патниот и товарниот сообраќај.

За спроведување на активностите задолжени се повеќе институции на државно и на локално ниво: Министерството за здравство, МВР, општините Дебар и Центар Жупа, Армијата, ЦУК, ДЗС.

Во Дебар и Центар Жуба во сила е забрана за излегување освен во животно загрозувачка сосотојба и тоа со возило на брза помош и со дозвола од Министертсвото за здравство. Воспоставен е режим на контрола на сообраќајот, дезинфекција на зафатеното подрачја, транспорт на неопходните намирници, енергенси и други потреби на гарѓаните, а ќе бидат утврдени други ерки.

Најважно да е почитуваат мерките, забраната на собири, домашна излоција и контакти со заболени или излолирани лица, истакна Спасовски.

На граѓаните на Дебар и Центар Жупа им порача да бидат уверени дека ова најдоброто решение што набргу ќе даде резултати. Ги замоли да нема поголема паника бидејќи е воспставен организиран институционален сситем кој води сметка за секој грѓанин.

Во соработка со локалната самоуправа ќе бидат обезбедени сите најдобри здравствени мерки, како и услови за живот во кризни сосотојби. Ќе се обезбедат услови да функционираат производствените капацитети за храна, бензински пумпи, болници. Банките и комуналните служби и поштата ќе работат со скратено работно време, истакна Спасовски.

Уште еднаш апелира да се почитуваат препораките и мерките, да се следат информациите од официјални канали на комуникација и од институции.

Има добро поставен систем кој може да се справи со оваа ситуација, подвлече Спасовски.

Повика на одговорно однесување на секој поединец, зашто не е време за политичко профитерство на сметка на загрижените граѓани, сите да ги почитуваа препораките и воспоставениот систем, бидејќи, како што нагласи, со тоа најефиканско ќе биде надмината сегашната сотојба.са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија