Утрински Весник
Македонија

Спортските сали и вежбалниците во Струмица не работат

Спортските сали и вежбалниците во Струмица не работат

Струмица, 14 март 2020 (МИА) – Салите „Парк“ и „Партизан“, како и тие во средните училишта во општина Струмица се затворени и се почитува одлуката на Владата, информира Ристо Секулов, општинскиот овластен инспектор за спорт.

Тој контролата ја извршил синоќа, а покрај салите извршил инспекција и во вежбалниците, кои исто така не работеле.

-Утврдив дека сите се затворени и ја почитуваат одлуката на Владата и Министерството за здравство, рече Секулов.

Додаде дека контролите ќе продолжат и потсети дека за непочитување на одлуката се одговара според Кривичниот законик. рт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев од седиштето на ReSPA: Регионалната соработка е двигател на европските реформи

Вонредно известување од ЦУК до жителите на Стајковци и Арачиново

Крстевски поднесе кривични против угостители што работат не законски – Нема да дозволам да ни се случи „Пулс“ 2