Утрински Весник
Спорт

Литванија го прогласи Жалгирис за шампион

Литванија го прогласи Жалгирис за шампион

Каунас, 13 март 2020 (МИА) – Кошаркарската лига на Литванија (ЛКЛ) одлучи да ја прекине сезоната и за нов првак на земјата е прогласен тимот на Жалгирис, кој моментно е лидер на табелата.

– Очекуваме целосно разбирање и поддршка од навивачите, спортската заедница и нашите партнери. Оваа одлука ќе има долгорочни последици по клубовите и лигата, но здравјето и животите се главни вредности, па моравме да донесеме одлука која е најбезбедна за кошаркарите и за општеството, се наведува во соопштението на ЛКЛ.

Жалгирис до моментот на прекин на шампионатот беше убедлив лидер со 22 победи и само два пораза. сѓд/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново засилување – Немања Босанчиќ нов фудбалер на ФК Вардар

Шампионот Струмица со три засилувања во Лигата на шампиони

Пожар го уништи стадионот и клупски простории во Словенија, таму се подготвуваше и Вардар