Утрински Весник
Економија

Компаниите од прехранбениот сектор ќе ги прилагодат производството и доставата за редовно снабдување на трговските ланци

Стотина социјално загрозени семејства од Кавадарци добија прехранбени пакети 

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Домашните компании од прехранбениот сектор, поради состојбата со вирусот корона, размислуваат да ги прилагодат своето производство и достава со цел редовно снабдување на трговските ланци со прехранбени производи.

Како што информираат од Стопанската комора на Македонија, за ова особено се размислува ако дојде до целосно затворање на земјите од кои увезуваме суровини, како што е Италија.

-Домашните производители на прехранбени производи се во активна меѓусебна комуникација и ги преземаат сите мерки за превенција од корона вирусот за безбедно производство и дистрибуција на производите и услугите кои ги нудат, според насоките дадени од Министерство за здравство. Една од мерките која беше преземена уште на стартот, е формирањето дезобариери на влезот во сите компании низ кои минуваат возила за превоз на луѓе и дистрибуција на производи, информира Комората. мч/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Левица: ДПМНЕ го одби амандманот на за поддршка на малите бизниси и претприемништво 

СДСМ: Пратениците од власта го одбија нашиот амандман за зголемување на минималната плата на 22.000 вработени