Утрински Весник
Македонија

Штип врши дезинфекција на општинската зграда и на улиците

Штип врши дезинфекција на општинската зграда и на улиците

Штип, 13 март 2020 (МИА)Општина Штип заедно со Територијалната противпожарна единица и Јавното претпријатие Исар почна со акција на миење на улиците и дезинфекција на местата за одлагање на отпад. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција истакна дека акцијата е започната во населбите Осми Ноември, Сењак и во централното градско подрачје.

Тој истакна дека акцијата денеска со засилена динамика продолжува и  во останатите делови од градот со цел намалена опасност за зараза од вирусот Ковид 19 или Корона.

Дополнително вршевме дезинфекција на зградата во општината, на сите канцеларии каде што граѓаните ги добиваат своите потреби. Апелиравме до такси компаниите, како и до превозниците на работниците и работничките да ги дезинфицираат своите возила, со цел безбедност на повисоко ниво. Ги следиме сите препораки од Владата и се надеваме дека во наредниот период ќе се нормализира состојбата и граѓаните ќе функционираат со нормален интензитет, вели Бочварски.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Живко Тасев вели дека улиците и садовите за смет се дезинфецираат со вода и хлор, а ќе продолжи со миењето се додека траат овие вонредни мерки. Командирот на Територијалната противпожарна единица-Штип, Тони Атанасов вели дека пожарникарите се вклучени во оваа акција, но и истовремено несовесните земјоделци немаат милост во вакви ситуации. Постојано ги палат стрништата, а пожарникарите постојано се на терен за огнените јазици да не зафатат дрвја или објекти.вдј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пронајдена марихуана во стан на Партизанска, поведена истрага

МНР ги повика македонските државјани да го напуштат Либан и да ги одложат патувањата кон Израел 

НОВАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ МНОГУ СУШНО И ТОПЛО ВРЕМЕ: Постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари, како и нивно ширење