Утрински Весник
Македонија

Спортско-рекреативен центар кај Вештачкото езеро во Прилеп 

Спортско-рекреативен центар кај Вештачкото езеро во Прилеп 

Прилеп, 13 март 2020 (МИА) – Во Прилеп и официјално почна реализацијата на проектот „Прилепско езеро- нови авантури, нови можности“. Локалната самоуправа денеска ги потпиша договорите со изведувачот и надзорот на проектот вреден 850 000 евра со средства од ЕУ и на локалната самоуправа. Проектот ќе биде администриран од Светска банка.

Изведувач на работите на проектот е компанијата „Ленди груп ДООЕЛ“ од Скопје, а надзорот на работите ќе ги врши скопската фирма „Диви Македонија ДОО“.

Рокот за изведување на градежните работи е 6 месеци, а со него ќе се подобри и унапреди областа околу езерото и ќе се придонесе за промоција на овој атрактивен дел од околината на градот, популарно излетничко место за прилепчани.

Какао што објаснува  проект-менаџерот Борче Јанкулоски од прилепската локална самоуправа во проектот е планирано да се изведат 5 поединечни потпроекти. За овој проект во октомври лани се одржа и јавна расправа.

-Потпроектите опфаќаат: целосно осветлена велосипедска патека од потегот Маркова чешма до селото Присад во должина од 7,3 километри и широчина од 3 метри, со простор за паркинг на велосипеди, уредување на пристапна улица со паркингпростор од некогашниот мотел на Вештачкото езеро. Оттаму продолжува рекреативно-излетничката зона, како дел од проектот за уредување на мултимедијален простор за изведување на културни и забавни манифестации, концерти и место за дружење на посетителите,  со 3 тераси, 6 летниковци и урбана опрема, објасни Јанкулоски.

Воедно, Јанкуловска, истакна дека е планирано е да се изградат и две асфалтни спортски игралишта за кошарка, за пинг-понг и за одбојка. Потоа пешачка патека во должина од 750 метри, а ќе бидат поставени и клупи и канделабри. Целта според Јанкуловски, е да се зголеми пристапноста на ова подрачје како зона за активен туризам и да го врати некогашниот сјај на езерото.

Спортско-рекреативниот комплекс е на 6 километри од градот, со изградба на планираните содржини се очекува тој да биде најпосетуваната локација за прилепчани, кои ќе имаат можност да ги користат сите содржини за спорт, рекреација и за излети во природа. ем/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош